СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија

Од:

„Судската пресуда за предметот „ТНТ“ за рушењето на „Космос“ одново потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија. Во овој случај, на затворски казни се осудени, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски“, соопшти СДСМ.

„Бројните пресуди ги потврдуваат индициите за сторените тешки криминали кои беа објавени преку проектот „Вистината за Македонија“. Се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиевски негов извршител.

Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник, а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој го смести Мицкоски во фотелја во Белиот дворец.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски денес е истата непроменета криминално-режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му