СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е изворот на срамниот непотизам и партизација

Од:

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на непотизмот и партизацијата на институциите, особено во судството и нема никаков кредибилитет да зборува на оваа тема, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ на дел од бројните случаи на непотизам.

Екс министерот за правда Михајло Маневски кој и денес е дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговата сопруга направија најголема “фамилијаризација” на правосудните институции. Олгица Павловска –судиката во Основниот суд –Штип, е прва братучетка на Филимена Маневска, сопругата на Михајло Маневски.

Јово Вангеловски, кум на Трајко Вељановски, претседател на Собранието на РСМ , беше избран за претседател на Врховен суд.

Маја Маркова-Котевска,сопругата на Иво Котевски, портпарол на МВР е судија во Основен суд Скопје 2, ќерка на Љубинка Муратовска поранешен член на Врховен суд и актуелен член на Антикорупциската комисија и сестра на Серјожа Марков, дежурен адвокат на фамилијата инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е изворот на срамниот непотизам и партизација.

Покрај тоа што нема кредибилитет да зборува на темата , во јавноста шири и дезинформации и лаги. Потврда за тоа е наведувањето дека син на Игор Милев , кумашинче на Лиле Стефанова бил вработен во СЈО. Лаги од овој тип веднаш се проверуваат и потврдуваат, Игор Милев нема син.

ВМРО-ДПМНЕ останува да биде заробена во матрицата на груевизмот, на лаги, измислици и вештачки креирани случаи.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он