СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е извор на лажни вести, со судска пресуда потврдено дека лажеле за имотот на Дарко Каевски

Од:

„Со судска пресуда е потврдено дека ВМРО-ДПМНЕ е извор на лажни вести. Основниот граѓански суд во Скопје утврдил граѓанска одговорност од портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Во судска постапка е утврдено дека Митева ширела невистини за имотот на пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски и со тоа го повредила неговиот углед и неговата чест“, велат од СДСМ.

„Ниту Каевски имал милиони како што лажно тврделе ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак имало нешто спорно во пријавеното.

Оваа судска пресуда е уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ е најголем извор на лажни вести. Од Христијан Мицкоски преку пратениците па се до портпаролите, сите во ВМРО-ДПМНЕ знаат да лажат и да шират невистини.

2002 година е година на најголемите лаги на ВМРО-ДПМНЕ што партијата ги пласираше во јавноста, немајќи што друго да понуди пред граѓаните“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он