СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е докажан непочитувач на државното знаме

Од:

„Државното знаме е светост и тоа не треба да се сведува на дневни политичко-партиски преписки, ниту да се користи во логоа за прослави“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ требало до сега да научи дека на државното знаме има сонце со 8, а не со 12 краци.

На логото за годинешниот јубилеј за кој ВМРО-ДПМНЕ денеска глуми наводна загриженост не е ставено знамето туку на него има стилизирано сонце, со видлива разлика и во типот и во бројот на краци.

Логото за јубилејот “30 години независност” е составено од повеќе елементи. На традиционалната црвена основа, обединети се симболите со кои се потенцира 30 годишнината од независноста. Сонцето, уставното име, меѓународниот код МК код бројот 30 раскажуваат за нашата државност.

ВМРО-ДПМНЕ како антинародна партија е и докажан непочитувач на државното знаме.

Доволно е да се види секој нивен протест и заклучокот е евидентен – кај нив не се знае ниту кое знаме го веат, ниту каков став имаат за националните интереси“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело