ВМРО-ДПМНЕ: Најостро го осудуваме изборот на логото за одбележување 30 години самостојност, тоа е сквернавење на знамето на Република Македонија

Од:

„Како комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудуваме изборот на лого за одбележување на 30 годишнината од осамостојувањето на Република Македонија. Предложеното идејно решение не претставува ништо друго, освен брутално сквернавење на знамето на Република Македонија како симбол на нејзината државност“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај прикажаниот естески аматеризам, предложеното решение го доведува во прашање општественото уредување и историскиот континуитет на македонската државност.

Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8 Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави понуденото решение целосно неприфатливо.

Од овие причини бараме итно и неодложно повлекување и распишување на нов Конкурс со прецизни параметри кои треба да бидат испочитувани при изборот на ново лого.

Потсетуваме, дека понуденото несреќно решение е уште еден доказ во низата недоследности кои Владата предводена од СДСМ ги прави на штета на македонскиот идентитет и државните симболи на Република Македонија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус