СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за уништувањето на културното и природното богатство на Охрид

Од:

Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, после 11 годишниот пустош што му го направи на Охрид и Охридскиот регион, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за уништувањето на културното и природното богатство поради целиот игнорантски однос на препораките на УНЕСКО од една стрнаа, и нивниот целосен фокус на криминал од друга страна.

Охриѓани многу добро знаат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го разобличи ликот на Плаошник.

Граѓаните убаво се сеќаваат и на белосветските измамници како Субрата Рој кои Груевски ги најавуваше како странски инвеститори.

Охрид и Охридскиот регион беа во немилост на криминалната ориентација на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, Владата предводена од СДСМ, Општина Охрид, експертската јавност и невладиниот сектор интензивно и посветено работат на исполнување на препораките на УНЕСКО.

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции ќе направат се да се спроведат препораките од УНЕСКО и да се заштити природното и културно богатство на Охрид и Охридскиот регион.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он