СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ дури и во опозиција се соочува со притисокот од народот

Од:

„Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ мора да биде притиснато и гласно да му се реагира. И резултатот е на повидок. Откако ќе ги повлечат аманмданите, ќе се свика Комисијата за финансирање и буџет за законите поврзани со економските мерки.

Добро е што притисокот од јавноста, кончено вроди со плод и што конечно пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија повлекување на амандманите поднесени за Законот за државјанство, а коалицијата Алтернатива и Алијанса најави повлекување на амандманите на законите за економските мерки“, велат СДСМ.

„Повлекувањето на амандманите на Законот за државјанство ги потврдува информациите дека постоел договор помеѓу АА и ВМРО- ДПМНЕ затоа што крајно симптоматично како сега ВМРО-ДПМНЕ одеднаш на ист текст на Законот немаат забелешки.

Доколку навистина имаат намера да ги повлечат амандманите, нека го сторат тоа, а потоа да се свика Комисијата за финансирање која ја претседаваат пратеници на ВМРО ДПМНЕ, законските решенија да поминат на Комисија и потоа да се закаже и пленарна седница.

Согласно деловникот закажување на седница и менаџирање на истата е во делокруг на работа на претседателот на собранието Талат Џафери.

Ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ за нивната неодговорност и несериозност пред граѓаните. Ако тие навистина беа подготвени за поддршка на граѓаните и компаниите немаше да ја напуштат седницата кога се носеше Буџетот за 2021 година.

Во тој момент нивната цел беше да има времено финансирање во државата а со тоа да нема поддршка за граѓаните и компаниите.

Сите пратеници имаат одговорност пред граѓаните, сите пратеници мора да ги тргнат настрана дневнополитичките интереси и да работат за граѓаните, преку усвојување на законски решенија кои обезбедуваат помош и поддршка за граѓаните и стопанството во справување со последиците од коронакризата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата