СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ денеска протестира за одбрана на насилство

Од:

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски упорно стои на браникот на криминалот и криминалците.Со денешниот протест тие уште еднаш докажуваат дека се за одбрана на насилство, за одбрана на обидите за државен удар, за одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието велат во соопштение од СДСМ.

– Зад протестот за одбрана на лица осудени за тероризам, кои на крвавиот четврток, на 27 април 2017 инспирирани од ВМРО-ДПМНЕ, жедни за крв, со оружје упаднаа во Собранието, стои нивниот почесен претседател, осудениот бегалец од правдата Никола Груевски. Христијан Мицкоски е само извршител на волјата на неговиот ментор од Будимпешта. Единствена задача на Мицкоски е да го одбрани криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему ниту му е до граѓаните ниту до државата, се вели во соопштението од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат