СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ делеше тендери во партија и по телефон, а денес конструира непостоечки случаи

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лиферува измислици и вештачки креирани сценарија, во врска со набавки во Министерството за одбрана.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ само го потврдува својот очај, безидејност и немањето што да им понуди на граѓаните, освен лаги и измислени конструкции.

Извршителот Мицкоски знае дека го чека пораз на 12 април и одговорност за сите криминали на режимот. Затоа штанца лажни вести.

Машините за кои обвинува ВМРО-ДПМНЕ, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби.

За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес тендерите не се даваат во партија, цените не се договараат тајно и по телефон, како во времето туку со јавно објавени постапки.

Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.

Затоа, граѓаните на 12 април ќе го поразат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“, реагираат од СДСМ, на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on