СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини, а потоа да побара одговорност од Мицкоски за рушењето на државните позиции

Од:

Откако пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, прво што треба да направат е да се извинат кон јавноста за тоа што влеваа страв и несигурност порачуваат од СДСМ.

– Потоа ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговорност од Мицкоски за тоа што ги рушеше државните позиции во спорот со Бугарија, лажејќи дека се продавал идентитетот, јазикот и историјата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции. Таквиот однос е неодговорен на штета на државните позиции и национални интереси. Крајно време е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се променат и да застанат на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржат државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат. Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски ќе продолжи да ги брани државните позиции и национални интереси, без разлика на тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се вели во соопштенито од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски