СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со злоупотреба на администрацијата за вршење притисок врз ДИК

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да врши никаков притисок врз Државната изборна комисија и ќе остави да се испочитуваат процедурите и комисијата да ја заврши работата согласно законите.

Апелираме ВМРО-ДПМНЕ да престане со злоупотреби на локалната и државна администрација, со носење на протести и контра-протести и така да врши притисок и да ги прејудицира одлуките на ДИК.

Токму оваа практика ги доведе до пораз, но за жал поразот не ги освести и продолжуваат да го прават истото.

Граѓаните да бидат внимателни и воздржани и да ја следат работата на ДИК и нејзините одлуки“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ