СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да политизира убиство

Од:

Институциите постапуваат согласно своите законски надлежности. МВР постапи соодветно во расчистување на случајот за што навремено ја информираше јавноста. Срамно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да политизира убиство се вели во реакцијата од СДСМ на прес конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков кој обвини дека министерот Спасовски ја прикрива вистината за убиството на ракометарот Тот.

– Особено по информациите дека лицето по кое се трага е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ. Што зборуваат фотографиите на кои лицето по кое се трага е сликано со Христијан Мицкоски, по истата изместена логика на ВМРО-ДПМНЕ? ВМРО-ДПМНЕ да престане да си ја ишка мувата од капата и да остави надлежните институции да го расчистат до крај убиството кое го потресе регионот. Денес, никој не е привилегиран пред законите, секој кој сторил какво било кривично дело одговара пред надлежните судови се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?