СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и да гласа за предлог законот за Јавно обвинителство

Од:

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мора да покажат одговорност пред граѓаните и државата и да гласаат за Предлог Законот за јавно обвинителство кој денеска влегува во собраниска процедура е значаен за реформите, правдата и државата.

Предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ беше Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство и е беше прифатено.

Со тоа СДСМ покажа конструктивност и одговорност“, соопштуваат од СДСМ.

„Предлогот обвинителката Вилма Русковска да го води ново Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на политичарите.

Русковска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Предлог законот предвидува спојување на обвинителствата и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката која веќе ја извршува оваа функција.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство.

Борбата против криминалот не смее да познава политички бои.

Секој за кој во постапка ќе се утврди дека работел спротивно на законските мора да одговара. Владеењето на правото мора да биде независно и неселективно“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски

СДСМ: Народот едвај преживува, Владата нема одговор на растот на цените

Горан Наумовски

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ