СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да одговори за криминалните игри на Димитар и на Димовски во случајот „Топлик“

Од:

„Очигледно дека во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ веќе нема чесни и одговорни личности, па прес конференции продолжува да држи Димитар Димовски, обвинет во предмет од Специјалното јавно обвинителство и десна рака на Миле Јанакиески против кого се водат бројни судски предмети.

Наместо лицемерно да зборува за почитување на законите, Димитар Димовски треба да одговори за криминалните игри во случајот „Топлик“ на СЈО во кој е обвинет заедно со Јанакиески.

Јавноста знае дека Димовски кој денес лицемерно зборува за чесност, има удел во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“ заедно со Христијан Хидро Мицкоски.

Токму фирмата во која тој и Мицкоски имаат заеднички удел, го добива бизнисот со хидроцентали од владата на Никола Груевски. Во тоа време,Димовски е висок фунцкионер во Министерството за транспорт и врски, а Мицкоски е советник на Груевски.

Ништо не е сменето во белиот дворец. Мицкоски, Димовски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат симбол за непотизам, криминал и неспособност.

СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, преку промените кои имаат за цел да продолжат политиките што обезбедуваат економски раст и развој и подобар живот за сите“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски