СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да одговорат што знаеле за нелегалното прислушување

Од:

„Нема граници за лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на најголемиот скандал со прислушување во историјата на Европа, партијата симбол на системско погазување на човековите права и слободи.

Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ лицемерно глуми загриженост за опрема за прислушување во Јавното обвинителство поставена уште во 2013 година, кога токму таа партија имаше апсолутна власт во државата.

Очигледно е дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е исто со она на Никола Груевски. До толку не е ништо променето, што денеска партискиот портпарол ги прераскажува лошите, навредливи фрази односно „вицови“ на осудениот криминалец Груевски што ги зборуваше по митинзи.

Наместо да прераскажуваат недолични фрази на Груевски, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски треба да одговорат за нивната улога и дејствијата во нелегалното прислушување, особено за информациите кога оваа опрема била инсталирана.

Особено ако се знае дека во времето кога избива најголемиот скандал со нелегално прислушување во историјата на Европа, Христијан Мицкоски станува советник на Груевски а бил и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека ќе има одговорност за сите вмешани во овој скандал.

Црните времиња на злоупотребување на функциите и кршењето на законите завршија со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Штетите наследени од катастрофата што ја предизвика ВМРО-ДПМНЕ се санираат, а остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците