СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да излезе од матрицата на поделби и да се вклучи во процесот за ЕУ и НАТО

Од:

„Колку и ВМРО-ДПМНЕ да не може да прифати, факт е дека Договорот со Грција го заштитува и зајакнува македонскиот идентитет и ја отстранува последната пречка за интеграција во ЕУ и НАТО. Граѓаните се свесни дека постигнатиот Договор е фер и најдобро можно решение за нив и за Македонија и затоа на референдумот на 30 септември тие ќе заокружат ЗА влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот со Грција.

Говорот на ВМРО-ДПМНЕ и начинот на кој оваа партија комуницира со јавноста, е уште една потврда за конфузијата и немањето политичка зрелост во редовите на опозициската партија.

Не само Македонците како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку сите граѓани без разлика на етничката, национална и верска припадност се суверен на Република Македонија и токму затоа сите граѓани на референдумот на 30 септември имаат еднакво право да одлучуваат за иднината на државата. Референдумот е најсилниот облик на демократско одлучување и волјата на граѓаните мора да биде почитувана од сите.

Што е толку непријатно за Христијан Мицкоски, па наместо јасен став, покажува страв да даде директен одговор за најважното прашање во историјата на независна Македонија?

На десеттина денови до референдумот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште имаат време да ја напуштат поразената матрица на лажен патриотизам, поделби и изолација и да се приклучат на процесот што обезбедува сигурна иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците