СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги остави институциите да го расчистат несреќниот случај наместо да злоупотребуваат трагедии

Од:

„Очајното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на политички концепт, на идеја и програма продолжува да злоупотребува собраќајни несреќи и човечки трагедии во партиски цели.

Се потврди дека Мицкоски зборува преку Силјановска. Се потврди дека таа ги следи политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што лагите на антинародното ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани, опозициската партија не престанува да се обидува профитира на низок и крајно неморален начин.

Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај,

Веќе е започната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците