А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокираат закон кој воопшто не го прочитале, врв на незнаење и деструкција

by А1он20/02/2022 - 18:1020/02/2022 - 18:11534
Share0

„Зачудувачка е леснотијата со којашто ВМРО ДПМНЕ блокира толку важен Закон кој воопшто не го прочитале. Со ова ВМРО ДПМНЕ го докажа и го достигна врвот на деструкција“, соопшти СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Доколку барем малку имаат искрена грижа за наставниците, ВМРО ДПМНЕ наместо да блокираат, ќе прочитаа и ќе знаеа дека со членот 21 од предлогот со измена на членот 66 од стариот Закон и додавање на нови членови, комплетно се дефинира платата која се состои од основната компонента и исклучителната компонента изразени преку бодови.

Следете a1on на Youtube YouTube

Значи основата компонента е различна зависно од кариерниот напредок и звањето на наставникот, а исклучителната компонента се изразува во членот 66-в“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Согласно членот 66-г, на наставникот кој реализира воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно концепцијата за основно образование и воспитание, му се исплаќа плата во висина на плата за 40 часовно работно време во неделата, доколку има неделен фонд од најмалку 10 наставни часа.

Она што ВМРО ДПМНЕ не сака да го признае е дека со раст на минималната плата, ќе расте и платата на наставниците и стручните соработници во основното и во средното образование“, велат од СДСМ.

„Пред да блокираат и демантираат, ВМРО ДПМНЕ ги упатуваме и на член 66-ж од Законор во којшто е наведено дека министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со којашто се утврдува износoт на вредностa на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници, а во рамките на предвидениот буџет и врз основа на вкупниот број на даватели на јавни услуги распоредени по соодветните нивоа за тековната година.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата утврдена согласно закон.

Наставниците не заслужуваат да бидат потценети, навредувани, а најмалку ВМРО ДПМНЕ да ги дели партиски.

Наместо да трошат време на препукување, пишување деманти и блокади со кои спречуваат раст на платите во образованието, нека го прочитаат Законот и конечно да престанат со постојаното блокирање.

Во прилог на запознавање на ВМРО ДПМНЕ е и линкот до Предлог законот кој е јасно и транспарентно објавен“, се додава во соопштението на СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

Горан Наумовски31/07/2026 - 12:56

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:06

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

Горан Наумовски30/07/2026 - 08:03

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

Горан Наумовски29/07/2026 - 16:51

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:48

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 14:1729/07/2026 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео