СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја нарушуваше меѓународната позиција на Македонија, Договорот за добрососедство ги штити државните интереси!

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години тајно преговараше со соседите, внесуваше поделби и омраза, ја изолираше Македонија и ја нарушуваше нејзината меѓународна позиција, на штета на националните и државни интереси.

За разлика од таквиот антидржавнички пристап, Владата предоведна од СДСМ ја зајакнува позицијата на Република Македонија, става крај на поделбите и ги отвора евро-атлантските перспективи. Договорот за добрососедство со Република Бугарија јасно ја реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народи и два посебни јазика. Со потпишувањето на Договорот, Македонија станува пример за соработка на Балканот, бидејќи ретки се државите во регионот кои отворените прашања ги решаваат заемно и по сопствена волја.

Успехот од потпишувањето на Договорот е заеднички на сите граѓани и на сите досегашни влади, бидејќи ќе се финализираат преговорите што се започнати во 2009 година. Владата предводена од СДСМ води политика на пријателство и соработка и ги решава сите отворени прашања на Република Македонија како на надворешен така и на внатрешен план и затоа од особена важност е ВМРО-ДПМНЕ да учествува во заедничкиот успех и да даде поддршка на овој Договор“, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес конференцијата на Илија Димовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ