СДСМ: Власта не го испочитува Денот на независноста во Прилеп

Од:

Годинашното чествување на денот на незавиноста, на видело ја изнесе негрижата и непочитувањето од страна на Локалната Самоуправа во Прилеп, на најсветлиот ден од поновата македонска историја, 8-ми Септември, велат од СДСМ.

Прославата помина под секое достоинство за одбележување на ваков празник, во отсуство на првите двајца луѓе на локалната власт, Градоначалникот Марјан Ристески и Претседателот на Совет на Општина Прилеп, Никола Димески.

Дополнително, присутните граѓани со разочарување констатираа и коментираа за потценувањето на значењето на празникот, како и за несериозниот пристап во спроведување на општинскиот протокол. Имено, владееше таков хаос во организацијата, што граѓаните и претставниците на политичките партии збунето не знаеја кога, каде и на кои споменици да положат цвеќе и да оддадат достојна почит за денот на државноста.

Процедуралните забелешки за несериозниот пристап на Општината, кои на вчерашната седница на Совет, во име на граѓаните и советничката група на СДСМ ги упати Сашо Велески, поминаа со штуро ветување дека при идните прослави нема да се повторат ваквите пропусти.

Останува, челниците на Локалната Самоуправа во Прилеп, самите да одговорат пред прилепската јавност, од кои и какви причини не се појавија на празнувањето на 8-ми Септември, денот на суверена и независна Република Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски