СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Од:

Кога нема одговор Мицкоски и кога нема што да им каже на граѓаните што прави? Се заканува со некакви тужби. Го знаеме веќе нивното копи-пејст сценарио. Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со тужби… копи-пејст сценарио по рецептот на Груевски и Вучиќ. Токму со денешната контра Резолуцијата на ДПМНЕ призна дека договор за мигранти во Македонија за пари има, велат од СДСМ.

– Власта е целосно разоткриена во нивниот план да донесат мигранти за пари а тоа да го кријат за термини како „економски работници“ и „нелегална миграција“. „Нелегална миграција“ стои во контра Резолуцијата на ДПМНЕ во која нема ниту збор за спречување на мигранти од Британија. Исто како изјавите на Мицкоски за „нелегални мигранти“.

„Нема да има нелегални мигранти и мигрантски кампови во државава“ рече Мицкоски на 12.12.2025 година. Затоа што од Британија се носат мигранти кои ќе бидат легални, односно вклучени во пазарот на трудот, сместени во станови итн. Што тука не е јасно?

Или изјавите на Милошоски кој на 11.12.2025 година во телевизиско интервју кога најави мигранти ама со променет статус.

„Странските работници кои доаѓаат преку дозволи“, вели Милошоски.

Ова е целосно разоткривање на ДПМНЕ, статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“. Сега кој лаже? Кој ја манипулира јавноста? Каде ние ова да го пријавиме? Сметаме дека на сите граѓани веќе им е кристално јасно, договор мигранти за пари има. Нема да ви помине. Одбраната на Македонија продолжува, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски од Давос: Енергетиката е наш стратешки приоритет

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски