СДСМ: Власта да не ги крие од јавноста последиците од хавариите во електро системот и по патиштата

Од:

„Бараме власта да престане да слави, да не ги крие од јавноста последиците од хавариите во електро системот и по патиштата и веднаш да се посвети на санирање на последиците, колку што е тоа сега возможно.

Во прашање се човечки животи!

Околу 200.000 граѓани, главно во југо-западниот регион или се или целосно без струја, или се соочуваат со последици од нестабилниот електричен систем.

Вевчани, Лабуништа, Бороец, Подгорци, Октиси, Враништа, Таш Маруништа, Велешта, Татеши, Ливада, Делогожда, Драслајца, Мороишта, Ложани, селата во Долни Дримкол се само некои од населените места коишто четврти ден се без струја. Селата се големи, со 2.000 до 9.000 жители.

Во Дебарца 30-тина села се отсечени од светот цели 5 дена. Луѓето се без струја и без  вода за пиење. Локалните патишта се непроодни. Регионалниот пат Ботун Велмеј не е целосно прооден.

Дел од домакинствата се загрижени поради тоа што со мали деца ги минуваат празниците, во темно и студено, а ситуацијата трае.

Дел од нив се во паника поради нанесените штети. Според нашите информации од теренот, во голем број домакинства, поради наглите прекини и вклучувања струја, откажани се електрични апарати, фрижидери, шпорети, па освен што не можат да се греат на минусните температури, граѓаните не можат да зготват ни храна. Не знаат ниту како во сиромаштијата во којашто живеат, ќе можат да купат нови електрични апарати.

И голем број хотели во охридско-струшкиот регион имаат проблеми со прекини на електричната енергија, со греењето и со водоснабдувањето. Информациите што ги имаме се дека поради наглото вклучување на пумпните станици во струјната мрежа, пукаат водоводните цевки, што создава дополнителни проблеми.

СДСМ укажува на граѓаните, дека според член 37, став 2 од Правилата за снабдување со електрична енергија на тарифните потрошувачи на Регулаторната комисија за енергетика, тие имаат право на оштета доколку немаат струја повеќе од 9 часа, освен ако не станува збор за елементарна непогода или друга виша сила. Стоиме на располагање на сите граѓани за соодветни насоки околу начинот за заштита на нивните права.

За жал, новогодишните честитки оваа 2015 година се збогатени со желба за „имање струја“ и безбеден пат.

Сето ова е главно резултат на погрешните владини политики во сите области.

Политиките на барок паднаа тројно на товар на граѓаните. Плативме за барокните бизниси, ќе плаќаме кредити и ќе ги плаќаме последиците од неразумните потези, од колапс на електро-енергетскиот сектор, до нефункционалност на сите други институции во системот. Пример за тоа е неможноста на Македонија Пат да одговори на обврските по првиот снег, поради што, за празнициве, на релација Скопје-Охрид, според искуствата, се патува и по 10 часа. Да не говориме за сообраќајните ризици.

Бараме надлежните да ги обештетат граѓаните за сите штети што ги трпат, не по нивна вина“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски