СДСМ: Власта да ги покачи платите на наставниците за 12% во септември

Од:

Министерката Весна Јаневска неколку пати соопшти дека Владата не може да обезбеди пари за зголемување на платите на наставниците. Владата со неоправдани и нерационални образложенија избегнува да ја реализира оваа обврска кон просветните работници. Во изминатите години ДПМНЕ ветуваше поголеми плати, поттикнуваше штрајкови, иако платите на наставниците секоја година се зголемуваа, рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

– Да ве потсетам дека во април 2022, сегашната министерка Весна Јаневска, која тогаш беше опозиционерка, велеше „Потребно е Власта да изнајде пари бидејќи за наставниците станува збор!“ Сега истата таа Весна Јаневска, откако седна во министерската фотеља, зборува сосема друго. Таа и ДПМНЕ ги погазија ветувањата кои ги дадоа пред наставниците и граѓаните. Тоа значи понижување и манипулирање на наставниците и сите вработени во образованието. Дека има пари потврда е луксузирањето на премиерот и министрите кои патуваат со најскапи авионски билети. Тоа е само потврда дека во прашање е избор на приоритети. За ДПМНЕ, наставниците не се приоритет. Наставниците и сите граѓани знаат дека во изминатите 7 години, Владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55%. И во годините на здравствена, економска и енергетска криза, имаше пари за континуирано зголемување на платите во образованието, рече Николова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?