СДСМ: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше криминално, партијата да излезе од матрицата во која е заглавена

Од:

„Поднесувајќи неосновани кривични пријави кои немаат никаков основ ниту пак цел, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се уште останува заглавена во матрицата на минатата и времето кога го злоупотребуваа судството за пресметка преку беспредметни пријави.

Не постои никакво кривично дело, а најмалку поткуп при избори, тоа ВМРО-ДПМНЕ добро го знае.

Вистинското прашање е зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија и пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста?

Кривични дела се криминалите, газењето на човековите права и договорените провизии на ВМРО-ДПМНЕ правени континуирано 11 години наназад. Поттикнувањето повисоки плати за сите работници, е одговорност на секој премиер и владата што ја предводи.

Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев остануваат посветени на заложбите за повисоки плати и пензии, за сите граѓани на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард. И тоа нема да го спречат неоснованите пријави на ВМРО-ДПМНЕ

Слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено. Референдумот е најмоќната демократска алатка, гласот на граѓаните е конечен, а почитувањето на нивната волја е задолжтелно за сите“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците