СДСМ: Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката

Од:

Политиките на владата на Мицкоски со договарање цени за т.н. „новогодишна кошничка“ нема да имаат посакуван ефект и нема реално да ги намалат високите цени. На дел од производите кои се објавија во оваа кошничка во изминатите донови цените им се зголемија, особено на млечните производи. Таков простор за покачување на цените имаат трговците и наредните денови до 15 декември. Така да ако потоа се намалат на истото ниво тоа не значи повеќе пари за граѓаните, туку класична манипулација а ефектот за џебот на народот е нула, тврдат од СДСМ.

„Понатаму, на граѓаните им се потребни мерки за трајно намалување на трошоците а не само на краток период. Дополнитено, мерката има системски пропуст, власта нема механизам ниту за контрола ниту за казнување доколку не се почитува договореното.

Уште една мерка со ефект од 0,1% како претходна не е никакво решение во услови кога цените растат и понатаму, вредноста на месечните трошоци на граѓаните се зголемуваат. На граѓаните им се потребни издржани и добро осмислени мерки кои ќе имаат вистински резултат и ќе доведат до реално намалување на цените.

Вистинска мерка којашто ќе донесе реално и долгорочно намалување на цените на производите е решението на СДСМ за укинување на ДДВ на храната. Со укинување на ДДВ на храната најмногу добиваат граѓаните, веднаш и реално ќе се намалат цените на 250 производи. Трговците целосно ќе ја почитуваат мерката а граѓаните реално ќе заштедат над 2.000 денари месечно. Укинувањето на ДДВ на храната е мерка на долг рок, ќе трае и ефектите граѓаните ќе ги чувствуваат цела година што им е реално потребно“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски