СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Од:

Врват криминални тендери на ДПМНЕ додека Скопје се гуши во загаден воздух. 161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, тендери од 9 милиони за друга фирма со двајца вработени, милионски износи за фирма на студентот на Мицкоски. Дури и по европските пари посегна власта за што ЕУ ја суспендираше ИПАРД 3 програмата. Наместо инвестиции во мерки и политики за намалување на загадувањето парите на граѓаните завршуваат во криминални тендери преку кои се пумпаат милиони евра, потенцираат од СДСМ.

„Мицкоски најавуваше 1 милијарда евра инвестиции за чист воздух и намалувањето на загадувањето за 50% но наместо тоа ги намали парите за чист воздух за 51%! Владата на ДПМНЕ нема пари за чист воздух, нема пари за бесплатен јавен превоз, нема пари за филтри, за еколошко греење, еколошки проекти, за итни интервенции. Само за криминални тендери има пари. Изборот на ДПМНЕ е крадење на народот и лично богатење наместо јавното здравје на скопјани.

Во времето на СДСМ се презедоа низа на мерки со Планот за чист воздух и во тие години започна тренд на постепено намалување на загадувањето. Штетните честички ПМ 2.5 во воздухот се намалија за -564kg на годишно ниво, а честичките МП 10 за – 735kg исто така на годишно ниво. И тоа граѓаните го знаат. СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба во Скопје и свикување на итна седница на Советот на Град Скопје за што имаме и конкретни мерки за намалување на загадувањето. Но, за да може да се реализира некоја мерка мора крадењето на народот да запре а сите виновни да понесат одговорност согласно закон. На криминалот и корупцијата мора да им се стави крај, велат од партијата.

Работата не е завршена!

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни