СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно покажа дека воопшто не се грижи за за граѓаните туку само за себе и за својот лукзус. Додека семејствата едвај преживуваат од плата до плата, додека цените растат, а стандардот тоне, Мицкоски и неговите министри трошат 180.000 евра за апетисани, бадеми, лешници, ф’стаци, индиски ореви. По милионите евра за манго, папаја и бејби биф, сега гледаме уште едно расипничко трошење на народни пари, велат од СДСМ.

– Додека работниците и пензионерите чекаат достоинствен приход, власта на ВМРО-ДПМНЕ ужива на сметка на граѓани. Додека граѓаните се борат со сметки и кредити, Мицкоски и неговите министри се гоштеваат со луксуз на нивна сметка. СДСМ најостро го осудува ова расфрлање и потсетува: буџетот е пари на граѓаните, а не приватна каса на Мицкоски и неговата партиска елита, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?