СДСМ: Владата ги зголеми платите на вработените во АРМ, ќе се набават и нови униформи за војниците

Од:

„Владата предоводена од СДСМ одговорно, отчетно и домаќински продолжува да ги остварува зацртаните мерки од Планот за живот што обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани.

Министерството за одбрана започна со исплата на повисоките плати, зголемени за 10 отсто, на целокупниот персонал вработен во служба на Армијата на Република Македонија.

Со покачувањето на платите во Армијата, прво во последните неколку години, се потврдува заложбата на Владата да води грижа за животниот стандард на вработените во АРМ.

Дополнително, покрај зголемувањето на платите, Министерството за оваа година планира и над 300 нови вработувања во АРМ, како и набавка на нови униформи за војниците. Јасно се покажува намерата на Владата предводена од СДСМ да инвестира во подобро опремена и подобро платена армија.

Преку одговорното, транспарентно и отчетно работење, Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведувањето на мерките што обезбедуваат повисоки плати, нови работни места и професионални институции што работат во интерес на сите граѓани“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?