СДСМ: Владата ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заглавена во сопствениот криминал, 11 години војниците, АРМ, интеграциите на земјата, беа заборавени од ВМРО-ДПМНЕ.

Со промената на власта, драстично се смени и односот кон војниците, кон Армијата и нивниот животен стандард. Платите во Армијата се зголемија за прв пат во последните неколку години, се води грижа за животниот стандард на војниците на АРМ, се набавуваат нови униформи, се инвестира во добро опремена и подобро платена армија.

Владата на СДСМ го смени курсот и ја врати земјата на вистинскиот пат. Македонија од земја во изолација се врати на патот на интеграциите и ги исполни стратешките приоритети за членство во НАТО и ЕУ.

Додека Владата на СДСМ ги покачува платите на војниците и ја внесува Македонија во НАТО, ВМРО ДПМНЕ држи срамни прес конференции, полни со невистини и одбива да се изјасни за иднината на земјата.

Министерството за одбрана и Министерот без ресор, Шапуриќ, во неколку наврати ги демантираа лагите што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно ги пласира.

Лагите изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат нервозата од добиената покана за членство во НАТО, нервоза од промените кои што се случуваат и успехот на Македонија.

Наместо да шири лажни вести ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни дали е за македонската иднина, дали е членство во НАТО и ЕУ со зајакнат идентитет или останува заглавена во изолација“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници