СДСМ: Владата е неспособна сама да го открие изворот на листеријата

Од:

„Владата очигледно е неспособна самата да го открие изворот на листеријата. Помина премногу време, згаснаа човечки животи. СДСМ бара владата веднаш да ангажира реномирана странска експертиза и итно да се открие изворот на бактеријата со што ќе се спречи понатамошно губење на човечки животи.

Несериозно е однесувањето на надлежните државни институции кои со месеци не се способни да одговорат кој е изворот на опасната листерија.

Згаснатите човечки животи алармираат на максимална сериозност и објаснување на клучните прашања на кои се уште нема одговори?

Над граѓаните на Македонија постојано виси сомнежот и стравот поради опасната бактерија и не знаат што смеат, а што не смеат да јадат.  Со месеци надлежните немаат дадено конкретен одговор.

Фалбите на министерот Никола Тодоров за реформи во здравството, модерна технологија лаборатории, паднаа во вода. Кривичната пријава за непознат сторител проблемот не го реши.

Апелираме Владата да го прифати предлогот на СДСМ. Се работи за граѓаните, нивното здравје, нивниот живот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он