СДСМ: Вистинските економски политики забележани од светот, највисок раст на странските инвестиции за 260 отсто

Од:

Вистинските економски политики кои ги води Владата предводена од СДСМ и напредокот кон ЕУ и НАТО се препознаени и забележани од светот. вели СДСМ преку соопштение.

„Извештајот за инвестициите во светот 2019“ на Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој јасно констатира дека Република Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во споредба со сите земји од Западен Балкан.

За само една година, стои во Извештајот во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто!

Од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година.

Покрај растот на економијата, на БДП од 4.1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17.8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец. Извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе допринесат позитивниот тренд на економски раст да продолжи со зголемен интензитет.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија