СДСМ: Вината за неработењето на Југохром треба да ја сноси власта

Од:

Вината зошто Југохром толку долго време го загадуваше воздухот, но и зошто работниците од Југохром и покрај се останаа без работа, треба да ја сноси власта и никој друг, обвини денеска Пеце Мирчевски, претседател на Комисијата за животна средина на СДСМ и член на Извршниот одбор на СДСМ.

– Правејќи се дека решава еден проблем, власта успеа да направи нов. 720 вработени сега се во неизвесност за своите работни места и за својата плата со која ги прехрануваат семејствата. Не е познато кога и дали ќе се вратат на работа, вели Мишрчевски.

Според него власта мора да даде одговор кој и зошто ја кочел постапката за Југохром и веднаш да помогне во изнаоѓање решение за вработените.

Порача дека СДСМ има план за решавање на проблемот со загадувањето. Во планот, меѓу другите мерки вклучена е и можноста за добивање поволни кредити за фирмите, за да можат да постават филтри и да ги почитуваат сите еколошки стандарди.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он