• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Вељаноски да го ослободи кабинетот на Џафери

by А1он02/05/2017 - 08:3480
Share0

„Избран е нов претседател на Собранието на законски и легитиме начин. Собраниското мнозинство има одговорност да ја формира новата реформска Влада.

Добивај вести на вибер

Тоа го очекува целата домашна и меѓународна јавност.

Заврши насилниот мандат на Трајко Вељаноски. Вељаноски нема право за личните интереси на Никола Груевски да ја усложнува политичаката ситуација и да го окупира противуставно и неделовнички Кабинетот на претседателот на Собранието. Тој е должен да овозможи новиот собраниски претседател да влезе во својот кабинет и да продолжат демократските процеси.

Нов собраниски претседател е Талат Џафери, со кого, како што соошти заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји ќе работат и САД, а и ЕУ, НАТО и официјален Берлин.

Новиот легитимен претседател на Собранието ќе испрати известување до Ѓорге Иванов дека е формирано демократско легитимино мнозинство и дека Иванов е должен да го додели мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање Влада.

На Иванов ќе му биде предочено уште еднаш тоа што го знаат сите, дека постои Програмата на новата реформска Влада што во целост ја гарантира унитарностана Македонија, работа според Уставот и евро-атланстските перспективи на државата со што ќе бидат разбиени сите неразумни аргументи со коишто Ѓорге Ивановги брани всушност криминалните интереси на Никола Груевски.

Врвен државен интерес за Македонија е формирањето на новата Влада и никој не смее да помисли да дејствува противуставно што е тешко казниво дело. Мора да биде овозможено на мнизинството во Памламентот да предложи Влада и Владина програма, што ќе биде направено согласно Уставот, законите и Деловникот во Собранието.

Крвавото насилство во Парламентот, кога беше направен кукавички обид за убиство на пратеници и насилство врз новинари и вработени во Собранието мора да се истражи до крај и нарачателите и извршителите да понесат одговорност.
Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков не смеат да го повторат насилието ниту повеќе да ги вознемируваат граѓаните со лаги и нелогични барања за избори. Избори нема да има.

Секој мора да е свесен за новата реалност, дека постои мнозинство предводено од СДСМ, дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и дека е неопходно демократските процеси да продолжат со мирен трансфер на власта“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsmsobranie

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски26/01/2026 - 12:3026/01/2026 - 13:10

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:53

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:4926/01/2026 - 09:23

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 16:53

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 14:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен