СДСМ: Ваучерот за летување изнесува 12.000 денари, пари кои ќе завршат кај домашните хотелиери

Од:

Владејачката СДСМ тврди дека заедно со премиерот Зоран Заев остануваат целосно посветени на вистинска грижа и одговорност за економијата, за угостителите, за сите граѓани.

„Оттаму, и годинава граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, годинава изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари. Јавниот повик започна на 8 јуни, со краен рок за аплицирање 30 јуни. Над 2.600 апликации се пристигнати за една недела од објавувањето на јавниот повик во архивата на Министерството за економија по што повикот е затворен. Од државниот буџет за реализација на оваа одговорна и ефикасна мерка предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери. Овие пари ќе завршат кај домашните хотелиери, со што директно ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а во исто време ќе им се помогне и на илјадници семејства со ниски примања. Нашите врвни приоритети како социјалдемократска партија се помош и поддршка за граѓаните, за домашното македонско стопанство“, стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму велат дека градат силна, развојна, конкрентна и стабилна економија која носи шанса за сите.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он