СДСМ: Уредникот Груевски ја задуши слободата на медиумите во Македонија

Од:

„Уредникот Никола Груевски во изминатите 10 години ја задуши слободата на медиумите во Македонија.

Фактите говорат дека Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници.

Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е потврдена и во Извештајот на Европската комисија.

Комисијата забележува уназадување на слободата на изразување во Македонија, нотира заплашување на новинарите и изразува сериозна загриженост за уредувачката политика на јавниот сервис МРТВ.

Мртовечки венец беше испратен до семејството на новинар, критичар на владините политики, се вели во Извештајот во којшто е забележан и физичкиот напад на Владимир Пешевски, во Македонија познат како господинот „дил-ориентед“ врз уредник на еден интернет портал.

Клучната порака на Европската комисија е дека јавноста мора да има пристап до објективно и точно известување, особено од јавниот радиодифузен сервис.

Комисијата дополнува дека има недостаток од транспарентност при трошењето на парите од страна на владата за рекламирање.

Уредникот Никола Груевски најголем проблем има со вистината.

Македонија и нејзините граѓани сакаат враќање на слободата за медиумите. По 24-ти април, во слободна Македонија предводена од СДСМ и Зоран Заев, слободата на медиумите ќе биде загарантирана.

Правото медиумите слободно да работат и да известуваат во интерес на јавноста, ослободени од било каков притисок ќе биде обезбедено. Недомаќинското и расипничко трошење на парите на граѓаните ќе заврши.

Македонија ќе има отворена, транспарентна и одговорна власт која ќе им служи на сите граѓани.

Времето на Никола Груевски помина. Доаѓа слободата. Збогум Никола и збогум на твоето друштво“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација