А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: УЈП призна, голем број јавни претпријатија не плаќаат даноци

by А1он12/01/2016 - 14:22121
Share0

„УЈП призна, голем број јавни претпријатија не плаќаат даноци на државата. Македонски Шуми должи 3.5 милиони евра на државата. Македонија Пат должи 6.8 милиони евра.

Добивај вести на вибер

Само две јавни претпријатија, Македонски шуми и Македонија пат и должат на државата повеќе од 10 милиони евра од неплатени даноци!

На црната листа на должници на УЈП до 31.12.2015 драстично се зголемени долговите на државните и јавните претпријатија кон државата по основ на неплатен данок.

На листата се најде и Македонската Радио телевизија, којашто и должи на државата 2 милиони евра.

УЈП блокираше над 27 000 сметки на граѓани и фирми за неплатена радиодифузна такса, меѓу кои има и социјални случаи.

Како и досега, сите тие се амнестирани од било каква одговорност и обврска за регулирање на долговите, затоа што Груевски има разбирање за неговите кадри што ги водат институциите под негова контрола.

Груевски и Ставрески, спроведуваа популистички лотарии коишто наместо нови работни места, на Ј.П. Македонски шуми му натрупаа нови долгови.

Затоа, Груевски удира по граѓаните и приватните фирми. Блокирани сметки, тужби, присилни наплати, катанци и пломби на врата се секојдневие на приватните фирми и граѓаните од коишто власта на Груевски ги полни дупките во Буџетот што ги прави.

10 000 фирми во државата се затврорија како резултат на погрешните економски политики коишто ги спроведува Груевски. Секоја трета фирма е со блокирана сметка.

Се повеќе се зголемува и бројот на граѓани на коишто им се блокирани сметките.

Според последните податоци на НБРМ за повеќе од 30 000 се зголемил бројот на блокираните сметки на граѓаните. Вкупно 247 562 блокирани сметки на граѓани и фирми имаме изминатава година.

Срамната црна листа на должници, УЈП само ја потврди срамната црна популистичка економска политика на Груевски“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsmujp

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

Горан Наумовски29/12/2025 - 13:46

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Свиркач открива шема за пумпање пари во Пошта – 300.000 евра секоја година

Горан Наумовски29/12/2025 - 11:3929/12/2025 - 11:40

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

Горан Наумовски29/12/2025 - 09:37

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

Горан Наумовски29/12/2025 - 08:29

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он28/12/2025 - 12:1028/12/2025 - 11:57

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он28/12/2025 - 08:4228/12/2025 - 11:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен