СДСМ: Трипуновски безобразно лаже, треба да се извини или следува тужба за клевета

Од:

Додека им стигнуваат деманти од сите страни, во ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат свесно да шират лажни вести, дезинформации и клевети. Лага е тврдењето на Цветан Трипуновски дека семејството на претседателот Зоран Заев имаат компании кои се занимаваат со тутун. Тоа не е точно. Станува збор за класична клевета. Исто така, невистина е дека постои увоз на тутун – велат од СДСМ во демантот на обвинувањата од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ дека семејството Заеви е вклучено во бизнисот на тутун.

„Цветан Трипуновски треба јавно да се извини за сите изнесени невистини, за неоснованите измислици дека компании на семејството на претседателот Заев се занимаваат со трговија и увоз на тутун. Во спротивно, согласно законските прописи, ќе следува тужба за клевета, а Трипуновски ќе мора своите тврдења да ги докаже пред надлежниот суд. ВМРО-ДПМНЕ и на власт и во опозиција знае да нуди само лажни вести, деструкции и нечесен однос кон граѓаните и земјоделците“ – стои во соопштението во СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ