СДСМ: Трајко Славески не закажува вонредна седница на Советот на Град Скопје за помош на семејствата на настраданите во автобуската несреќа

Од:

Советничката група на СДСМ на коалицијата и ДУИ во Град Скопје вчера поднесе иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на која треба да се усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата што се случи во Бугарија.

„До овој момент, претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјаснил по однос на иницијативата и не закажал седница што е незабалежано во праксата.

Претседателот на Советот мора да закаже вонредна седница на која прво ќе се гласа за оправданоста на итноста, а откако ќе се утврди оправданоста Советот ќе гласа по однос на точките од днневниот ред.

Барањето за вонредна седница на Советот е од единствена причина, што побрзо да им се помогне на семејствата на жртвите и да не се чека редовната седница на Советот, затоа што нема потреба за такво нешто.

Но очигледно дека Славески не наоѓа разбирање за ситуацијата или пак свесно калкулира, па денеска цел ден молчи и не закажува вонредна Седница на Советот на Град Скопје“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?