СДСМ: Трајановски потроши милиони, луна парк се уште нема

Од:

„Коце Трајановски имаше цели осум години да изгради нов модерен забавен парк. Но наместо тоа, Трајановски се расфрлаше со парите на граѓаните за тендери со кои се богатеа Никола Груевски и неговите соработници.

Досега се потрошени илјадници евра пари на граѓаните за студии и елаборати за нов луна парк што Трајановски со години го ветуваше и до денес го нема. Неодговорно е пред крајот на мандатот, Трајановски да најавува дека ќе потроши нови 6,5 милиони евра.

По промените на централно ниво, Град Скопје и останатите општини ќе добијат нови одговорни власти, а ќе се дознае и за што навистина се трошеле парите на граѓаните. Новата локална власт на Град Скопје ќе се посвети на решавање на проблемите и потребите на граѓаните и тоа ќе го прави навремено и отчетно, а парите на граѓаните нема да се расфрлаат за лажен барок, палми, тркала и останати непродуктивни трошоци“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ