СДСМ: Трајановски имаше цели два мандата да го изгради мостот на Вардар

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лицемерното однесување преку кое нанесува штети врз интересите на граѓаните.

Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ имаа цели два мандата да го изградат мостот на Вардар којшто ќе ги спојува општините Гази Баба и Аеродром. Наместо тоа, решија расипнички да потрошат стотици милиони евра на споменици, палми, лажен барок и криминални тендери за богатење на поединци, додека илјадници граѓани на Скопје се соочуваа со недостиг на основи услови за нормално функционирање.

Изградбата на мостот во Керамидница е во интерес на граѓаните на Скопје, особено на жителите на Аеродром и Гази Баба.

Граѓаните ја чувствуваат разликата помеѓу одговорниот, домаќински и транспарентен пристап на градската админстрација предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски кои од Скопје направија нефункционален и загаден град“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски