СДСМ: Тодоров со негирање на резултатите за Дојранското езеро, го доведува во опасност здравјето на граѓаните

Од:

Никола Тодоров денеска се обиде да ги негира резултатите за загаденоста на водата во Дојранското езеро објавени од Центрот за јавно здравје Велес.

На овој начин Тодоров го доведува во директна опасност здравјето на граѓаните.

Најголемиот штетник во здравството, Никола Тодоров, треба да знае дека доведувањето во опасност на здравјето на граѓаните повлекува кривична одговорност.

Со ваквите небулозните изјави и несоодветни споредби Тодоров го продолжува лудилото на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да се оди на штета на граѓаните, без притоа ни малку да се мисли на тешките последици.

Констатирано е дека во водата во Дојранското езеро се наоѓаат екстремно високи концентрации на отпадни материи, фосфорни и азотни соединенија кои што ги надминуваат досега забележените концентрации на овие материи во кој било воден екосистем во земјата.

Очигледно Тодоров одбрал со што поголеми лудости да си ја јакне позицијата во борбата за наследник на Никола Груевски, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни