СДСМ: Тодоров нема намера да се зафати со најсуштинските прашања

Од:

На најавата на министерот за здравство, Никола Тодоров дека за 11 болници ќе набавува нов остеосинтетски материјал, СДСМ регаираше дека се држат непотребни пресови за нешто што е секојдневна работа на едно министерство.

„Веќе на сите ни е јасно дека министерот Тодоров, во време кога јавното здравство во Македонија е во фаза на целосен распад, нема намера да се зафати со најсуштинските прашања, а тоа е сè полошиот квалитет на здравствена услуга што ја добиваат болните лица, заминување на квалитетни доктори од јавното здравство, заради огромното незадоволство од сé што се случува, и огромните долгови на болниците кои растат од ден во ден“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски