СДСМ: Тодоров го уништи здравството, доаѓаат промени и вистинска грижа за граѓаните и пациентите

Од:

„Без срам Никола Тодоров и денеска ги потцени докторите и здравствените работници во Република Македонија. Тодоров го уништи здравството во Република Македонија, на штета на граѓаните и лекарите.

Со кое лице Никола Тодоров се појавува во јавноста? Никола Груевски и Никола Тодоров исклучиво се грижат за своите бизнис зделки и тендер политики, на штета на граѓаните.

Реалноста во здравството е многу поинаква. Таа е жална и болна.

Болниците се руинирани, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, умираат родилки и бебиња,медицинскиот персонал е под постојани притисоци и закани.

Според релевантните меѓународни истражувања Македонија се наоѓа на последно место во Европа по здравствени услуги, а на прво место како држава во која најстресно се живее.

Македонија, според Еуростат е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа. Во земјава умираат 14 новороденчиња на 1.000 живородени.

Дури 200 лекари годишно заминуваат од земјава. Здравството е во огромни, милионски долгови коишто секојдневно се зголемуваат.

Нема пари за основни потреби. Пациентите сами си набавуваат лекови, медицинска опрема и помагала.

Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита. Тодоров и Груевски ги чека одговорност за криминалните политики што однесоа во смрт многу граѓани.

Казната ќе им биде испорачана на следните фер и демократски избори, кога народот ќе избере нова одговорна влада.

По демократските промени доаѓа вистинската грижа за пациентите и за граѓаните. Новата одговорна влада предводена од СДСМ ќе обезбеди квалитетно и достапно здравство за сите, бесплатно болничко лекување и ќе се грижи за здравјето и животот на граѓаните.

Дополнително, СДСМ ќе ги зголеми и платите на лекарите и здравствените работници“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството