СДСМ: Судски е потврдено дека Николоски ширел лажни вести и тоа продолжува да го прави и денес

Од:

Судски е потврдено дека Николоски ширел лажни вести и тоа продолжува да го прави и денес директно од Центарот за лаги – белиот дворец, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска од центарот за лаги во белиот дворец, Алекдандар Николоски продолжува да шири лажни вести и да се промовира како жртва иако и судски е потврдено дека свесно лажел.

Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на Николоски за случајот во кој тој беше обвинет за клевета на Вице Заев.

Со тоа, Апелација ја потврди пресудата на понискиот суд со која е утврденa граѓанска одговорност од Николоски дека сторил клевета на јавен телевизиски настап.

И институционално е потврдено дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести.

Осудениот клеветник Николоски денеска се обиде да најде алиби за оправданата тужба за клевета што ја изрекол кон претседателот Зоран Заев. Николоски кој упорно лаже, најмногу се плаши од вистината, затоа е оваа негова панична реакција денеска.

Николоски е свесен дека низ отворена, легитимна и транспарентна судска постапка, уште еднаш ќе се докаже дека направил клевета и затоа измислува нови лаги со кои ја лаже јавноста.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија