(ВИДЕО) Николоски: Заев ме тужи, но и натаму тврдам дека тој е на врвот на пирамидата за рекетирање

Од:

Премиерот Зоран Заев поднесе тужба за клевета против мене за политичка изјава во којашто кажувам дека се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата, соопшти на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во продолжение, тој ја цитираше изјавата поради која е поднесена тужбата:

„Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција што не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа што е потребна и кривична и политичка одговорност“.

Според Николоски, целта на власта е сега тој јавно да се извини и како што кажа, да се уплаши и да се повлечe.

„Заев бара да му исплатам 60.000 денари оштета, како и да му го платам скапиот адвокат. Бара 60.000 денари оштета затоа што брат му Вице е исто така во тужба за клевета, не успеа да добие од мене 30.000 денари оштета, па сега веројатно по принципот евро за евро бара 60.000 денари оштета за да можат со брат му да поделат по 30.000 денари“, кажа потпретседателот на опзициската партија.

Тој уште еднаш јавно повтори дека останува на кажаното и додаде дека тужбата е поднесена за дефокусирање на вистинското прашање во овој случај, а тоа е, како што рече, каде завршиле парите од „Рекет“.

„Ќе одиме на суд со задоволство секој со својата страна и ќе ја докажуваме вистината“, порача Николоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ