СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Од:

„Откако нанесе непоправливи штети, Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ отиде дотаму што по бројните изјави и слики со прегратки на Груевски, Ставрески, Мизо, со Рој, по кајчиња, трактори, фестивали, вечерва убедува дека никогаш не рекле дека контроверзниот индиски партнер ќе инвестирал во Македонија.

Потсетување на само две од изјавите:

20 феруари 2013, Зоран Ставрески

„Инвестициите на Субрата Рој во Република Македонија непречено ќе продолжат. Ситуацијата таму е објаснета и дадени се сите детали. Имаме и усна потврда од Рој дека неговиот проект и во Охрид и на други места во Македонија ќе се реализират согласно динамиката што е договорена“, изјави Ставрески одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на препумпна станица во скопската населба Драчево.

20 февруари 2013, Виктор Мизо 

„Нивниот интерес и активности поврзани со проектите во Македонија на никој начин не се афектирани и работата продолжува непречено, изјави директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.

Нема оправдување што може да ги спаси Груевски и Ставрески од одговорност.

Додека цел свет пишуваше за криминалите на Субрата Рој со парите на негови сограѓани во Индија, а во земјава предупредуваа СДСМ и објективни новинари, Груевски и Ставрески му дадоа на Индиецот 5.000 хектари непроценливо плодно земјоделско земјиште, кое што 18 месеци никој не го работи! Од коешто можеа да се прехрануваат земјоделски семејства!

Му доверија и плажи и води од непроценливото Охридско езеро, заштитено од УНЕСКО!

Дури и судски спорови поведоа за да му обезбедат на партнерот од Индија услови за неговите наводни милионски бизниси!

Патуваа во Индија, го пречекуваа, го гоштеваа.

Ако е тоа идејата на Груевски и Ставрески, да привлекуваат вакви инвеститори, тогаш тоа нека го прават на лична сметка, а не на сметка на граѓаните на Република Македонија, кои и така се оштетени од нивните милионски роуд шоуа“, се вели во писмената реакција на СДСМ на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за прес конференцијта на Петре Шилегов.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он