СДСМ: Студентите, професорите и сите засегнати остро и јасно кажуваат НЕ ЗА ЕКСТЕРНО

Од:

За какво „посилно знаење и поголема креативност” со екстерното тестирање говори Никола Груевски, кога овој начин на оценување и испитување на знаењето на учениците и работата на професорите, се покажа тотално неуспешен во основното и средното образование, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на Никола Груевски.

Екстерното тестирање во високото образование ќе стимулира дополнителен стрес за студентите и казни за професорите.

СДСМ се спротивставува на екстерното тестирање во високото образование, а апелиравме и на лошите последици од овој проект и во основното и средното образование.

Бидејќи Груевски лажно полага големи надежи на дебатата по повод екстерно за студентите, сакаме да потсетиме дека македонската јавност не е наивна.

На јавноста добро и е познато дека за Никола Груевски не постои дебата.

Студентите, професорите и сите засегнати остро и јасно кажуваат НЕ ЗА ЕКСТЕРНО, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски