СДСМ Струмица: Погрешните „дил-ориентед“ политики на Груевски причина за иселувањето од Македонија

Од:

„Поразителни се објавените резултати од анкетата на невладините организации, дел од Платформата „Граѓанска демократија“, којашто се однесува на масовното иселување на младите од Македонија.

Според резултатите, 79% од младите би сакале да се иселат од Македонија, а дури 82,4% од испитаници се изјасниле дека егзистенцијата е главната причина за масовното иселување на младите.

Оваа анкета само го потврдува она што младите во Македонија многу добро го знаат. Промашените економски политики на власта во заминување, невработеноста, сиромаштијата и криминалното владеење во изминатите 10 години го предизвикаа најболниот егзодус на младата популација.

Тоа е потврдено и во меѓународните извештаи. Поради погрешните „дил-ориентед“ политики на Никола Груевски 626.312 граѓани си заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе, според Светска банка.

Македонија, како резултат на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, стана редок негативен пример во светот.

Но, заврши времето на Никола Груевски, а завршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите знаат, СДСМ има знаење, има решенија во Програмата за проблемите на младите.

Помагање на приватниот сектор за вработување на младите, поттикнување со самовработување, поддршка на бизнис инкубатори за нови работни места за младите, се само дел од решенијата што ќе ги спроведе новата влада на СДСМ.

Ќе ги задржиме младите овде во Македонија, да работат и да ја градат својата иднина дома“, рече на денешната прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он