СДСМ: Струмица и Заев станаа ноќна мора на Груевски

Од:

Струмица и градоначалникот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, станаа „ноќна мора“ на премиерот Груевски. Не само што Груевски денеска ја крстареше Струмица, по бањи и игралишта, ставаше камен темелник, туку отиде дотаму што сечеше лента на локален пат. При тоа станува збор за проект што не е владин, реагираат од СДСМ.

Патот Струмица – Попчево, што го пушти Груевски во употреба е проект на општината Струмица и Светска банка.

Проектната документација со сите ревизии е направена од општина Струмица. Општината потроши над 7 милиони денари за експропријација на земјиштето, за да може да се изгради патот, а средствата за реализација на овој голем проект се од Светска банка.

Господине Груевски, како тогаш патот Струмица – Попчево е владин проект?

Кажете, колку пари издвои Владата од буџетот за реализација на проектот?

Како не Ви беше срам и покрај се ова, да не поканите барем претставник од општина Струмица?

Ако градоначалникот Зоран Заев не Ви се допаѓа, можевте да го поканите претседателот на Советот или раководителот на Секторот за урбанизам и комунални работи.

Господине Груевски, знаеме дека Струмица и Заев се Ваша најболна точка. Но, ќе морате да се помирите со тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема градоначалник како Зоран Заев.

Неодамна и јавно, токму Вие ги пофаливте проектите што градоначалникот Зоран Заев ги реализира за општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење