СДСМ Струмица: Ало, пратениче Пишев, Вие сте изгубени во просторот и времето

Од:

Секојдневните прес конференции на Васил Пишев не заслужуваат сериозно внимание од јавноста бидејќи се засновани на невистини, полувистини и китење со туѓи перја. Тоа го докажа во изминатите денови, а го докажа и денес, стои во реакцијата на СДСМ Стримица.

Ало, пратениче Пишев, велат, па Вие сте целосно изгубени во просторот и времето. Во кој град и во која општина живеете па не сте можеле досега да ја видите браната Маркова река која е изградена и пуштена во употреба во 2005 година во времето на владеењето на СДСМ. Да беше некој санитарен јазол или некоја корпа за смет и така и така, кој ја видел кој не, сеедно. Но, да не можете да видите толкава брана, тоа е толку смешно, што посмешно не може да биде.
Задача на оваа Влада, господине Пишев е да изгради систем за наводнување од оваа брана. Тоа се ветува цели седум години, но апсолутно ништо не е сторено досега на тој план. Срамота.
Наместо во браната Маркова река, се избањавте на суво.

Ве очекуваме утре да се сликате пред камерите застанати пред „прекрасното здание“ на старо – новиот струмички театар.с. Само како пример нека послужат зборовите на Пишев дека во тек биле подготовките за изградба на браната на Маркова река.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски